Moдата во филмот „Грејс од Монако”

Премиерата на филмот „Грејс од Монако” годинава на филмскиот фестивал во Кан беше рефлектирана прилично добро од критиката, иако семејство официјално се дистанцира од историјата, раскажана на екранот.

Сепак, никој не го негира талентот на Никол Кидман, која целосно се претопила во Грејс, како и фактот дека филмот е направен со многу голема прецизност кон деталите.

За последното во многу голема мера придонесуваат и костимите, а заслугата за тоа ја добива Жижи Лепаж.Режисерот Оливир Дахан  им дал целосно одврзани раце за костимите на Грејс во филмот, уште повеќе што во историјата овој дел не е целосно документарн, па и имало и место за импровизација. Жижи Лепаж, сепак, сакала да се придржува целосно кон модата од тоа време и да се доближи максимално до стилот на Грејс Кели. За целта некои од костимите во филмот се апсолутно автентични – модната куќа Диор дала два костими од архивата  создадени во 60-тите години. Шанел предложиле модели од колекција од 2012 година, со тоа што Жижи Лепаж ги има преработено за да одговараат на модата пред педесет години.

Официјалниот фустан на Грејс Кели е реплика на нејзиниот од пред половина век, создаден од модната куќа Ланвен специјално за да може да се носи со лентата и ѕвездата на Орденот на кралот. Особено е селектиран и дијапазонот на боите во сите парчиња, прилагоденаи на модата во 60-тите и преференциите на Грејс, чија што омилена боја била бледо жолтата.

Накитот во филмот се оригинали од Cartier. Иако децата на Грејс Кели го критикуваат филмот, принцот Алберт дал дозвола некои од накитот на мајка му да бидат фотографирани.

Модната куќа Hermes обезбедила чанти и марами, а чевлите на Никол Кидман се од Salvatore Ferragamo и Jimmy Choo. Капите се направени од Александар Барт, син на Жан Барт, кој бил личен шапкар на принцезата.

При такво внимание кон деталите филмот вреди да се ѕирне, без огромни очекувања, барем кога станува збор за приказната.

bc373572cbd968b4af6f1a66194ea875 acbbe6b96e1aa83e0fb621c3fb3a1eca 5596d785637f64ffd13bf8474c501fa5 04116dc7f954b881773c6f231ea5aeed 410fffee22a5bc16cad8ff1bb8fc6894 81e225e1f54ed2c7231b9f68252a9209 78cb0a22676c80cbb50c88d2f16917a5 70cfac09973c07a8ba9128d0ca39d567

- Реклама -