За разлика од ерата на 40-тите кои биле разгорени со војна, 50-тите се под влијание на париската мода. Најзначајни модни дизајнери од 50-тите се: Christian Dior, Jacques Fath, Hubert Givency, Cristobal Balenciaga и Coco Chanel.
Облеката која е инспирирана од трендовите од 50-тите е една од најженствените.
Таа е како бран, постојано се враќа како бумеранг да не потсети дека 50-тите години во модата, се години кои не смееме да ги заборавиме. Не е ни чудно што ревиите на најпрестижите модни куќи се инспирирани токму од 50-тите години кои со себе го носат и славниот изглед на Диор, кој бил прекрасен, но не и прикладен за сите жени, па оттука бил прогласен за птица во златен кафез.
Иако секој дизајнер дал свој придонес и сопствен печат на историјата на модата во 50-тите, без сомневање владееле шарените и пастелни фустани и здолништа со нагласена половина, кратки џемпери и панталони кои се сметале за кежуал гардероба.
Доколку ви се допаѓаат 50-тите и сакате да ги следите, можете да го направите тоа со мали кадрици и сјајна коса, фустани во пастелни бои со цветни дезени. Маскарата и црвениот кармин се задолжителни.
Од кондурите порачуваме салонки на средна или висока потпетица, како и балетанки за кежуал стил. Доколку додадете бисери на фустанот кој ја истакнува вашата половина, подготвена сте за патување низ модниот времеплов.