Мода, сестро, опрај се!

Модните богови мора да се луди. Ама и модните смртници/поклоници не се многу поарни.

Time.com пишува вака:

„Ако сакаш да ѝ направиш брз апдејт на гардеробата за оваа есен, богот на машката облека Раф Симонс има брз и лесен апгрејд за вкупно кул 200 долари: кастомизирани ролни од леплива трака што можеш да ги користиш како ремен или како акцесоари за твојот есенски моден изглед“…

Ако ова ви делува како изјава од некој на есид кој е превоодушевен од тоа што сфатил дека лепливата лента може да се користи и како ремен (во теорија), чекајте, станува уште полудо:

„Лепливата лента, која масовно беше искористена како ремен за машките парчиња што Симонс ги претстави на ревијата за неговата есен/зима 2017-та колекција, навистина е мулти-таскинг акцесоар! Не само што може да ја стегне било која облека што ја имате, туку вклучува и дизајн со зборовите RSYP YOUTH PROJECT и WALK WITH ME! А бидејќи лентата е направена од црн и бел полиуретан, исто така може да биде користена и за нејзините поконвенционални примени – како општ адхезив. Ако ви се допаѓа, можете да ја купите за 200 долари, што е практично гага, со оглед на повеќенаменската природа на продуктот, и како моден став, и како корисна алатка за домаќинството“…

AW17 – LOOK 18/40. RAFSIMONS.COM

A post shared by Raf Simons Official (@rafsimons) on

Е па тоа е дечки, спасени сме! Го имаме изумот на милениумот. Сега само универзумот е лимит! Којзнае колку ќе ни љубоморат интелигентните цивилизации што ќе ги откриеме кога ќе видат колку сме понајмодерни… ХАХАХА, им ги замислувам фаците! ХАХАХА…. ХАХА… ХА… ха… Аман, дајте бе да се опраиме.

- Реклама -