Трендот на искинати фармерки и излижани патики од сезона во сезона не престанува да биде актуелен.
Го следат подетално тинејџерките и светските ѕвезди, енормно богати и секако не загрозените девојки кои така облечени изгледаат како да немаат ни леб да јадат.
Стилистот Марко Ариел Маросиук мисли дека за жал , во прашање е само слепо следење на трендовите.
Босоногата Џенифер во фармерките изгледа обично, а има милини долари на своите сметки.
– Исто како што некогашните „фенсерки“ со исравени коси, сега се во „гето“ фазонот, само затоа што Ријана го диктира и затоа што во моментов е ИН.Искинатата облека, инаку потекнува од панк културата, која што до некаде се уште е во мода… Фала богу што заврши ерата на нитните со фенси елементи, вели еден моден критичар.
Фармерките на Ким Кардашијан се повеќе како шорцеви, а овој модел повеќе открива отколку што прикрива.
Од друга страна еден психотерапевт вели дека енормно богатите се облекуваат вака само за да докажат „ Исти сме како и остатокот од светот“.
Ние мислиме дека се работи сепак, само за следење на трендовите без размислување дека истите уништуваат веќе постоечка култура и нечиј стил.
Дебати на оваа тема има многу. Кој е вашиот став?