Повеќе од јасно е дека современиот професионален и социјален живот подразбира употреба на иновативни технолошки пронајдоци, апликации и решенија кои комуникацијата, логистиката и делување го прават поефикасно и поедноставно во комплексното секојдневие на модерниот човек.
Во светот постојат бројни примери на млади пронаоѓачи со чии иновативни пронајдоци секојдневно финкционираме и живееме. Нашата зависнот од мобилните уреди и мобилните и веб апликации се центарот на движењата и технолошкиот напредок кој пак, според експертите, допрва ќе доживее забрзана динамика.
Во Македонија, во изминатиов период, се случија два големи натпревари од областа на софтвер, иновации и напредни технологии: CodeFest и StartUp Weekend.
Она што е забележливо од ваквите натпревари е дека, иновациите и креативноста се основен атрибут на студентите од Македонија. Особено внимание на двата натпревара постигна тим од студенти на Академијата на Seavus, во состав од: Кристијан Арсовски, Дарко Котоски, Јордан Крстевски, Кристина Крестевска од академијата за програмирање и Ивана Талевска од академијата за дизајн на Seavus едукативен и Развоен центар.
Овој тим од студенти, на Codefest 2015 добија прва награда за најдобра веб апликација под името: family tree social network application, наменета за поврзување на членови на фамилии насекаде низ светот.
Истиот тим, ја утврди својата иновативност, освојувајќи второ место на StartUp Weekend со апликацијата NowPark.me нудејќи одлично решение за проблемите со достапен паркинг, попрецизно, апликација за намалување на нервозите при наоѓање на паркинг. (nowPark.me)
,,Идејата беше стара само еден ден, што не ни даваше комоција на натпреварот. Но, по се изгледа дека генијалните идеи доаѓаат кога најмалку очекуваме. Најважно е да сте опкружени со позитивни и иновативни луѓе, со добри ментори и тренери и постојано да учите. Тоа го заклучив од искуството во академијата Seavus и натпреварите,,. објасни Јордан Крстевски по освојувањето на двете престижни награди.
Seavus едукативниот и развоен центар е познат создавањето на успешни и иновативни кадри, кои успеваат да остварат амбициозни кариери на домашен и меѓународен пазар.