Новиот Blue Earth на Samsung е првиот комплетно еколошки мобилен телефон кој работи на соларна енергија.
Новиот Blue Earth на Samsung е првиот комплетно еколошки мобилен телефон кој работи на соларна енергија.
Овој еколошки гаџет има соларна плоча која може да генерира доволно енергија за да го наполни телефонот и е доволно мал за да го собере во џеб. Како да не е доволно тоа што овој мобилен комплетно работи на соларна енергија, телото на телефонот е направен од рециклирани пластични шишиња и не содржи берилиум и фталати – супстанции кои се во голема мера токсични.
Исто така, Blue Earth штеди енергија со тоа што преку корисничкиот интерфејс лесно се активира во мод за штедење. Вклучен е и педометар и калкулатор на испуштениот CO2, а неговото минимално пакување е направено целосно од рециклирана хартија.
Телефонот беше промовиран на 16 февруари на Mobile World конгресот во Барселона, ќе биде пуштен во продажба во Британија кон крајот на годината, а од Самсунг сè уште не ги откриваат деталите околу цената.