На брифинг со новинарите, портпаролката на кинеското Министерството за надворешни работи, Мао Нинг, изјави дека политиката на Кина кон САД е конзистентна
Министерството за надворешни работи на Кина му честита на Доналд Трамп за победата на претседателските избори во САД. Во соопштението објавено денеска, кинеското МНР наведува:
„Го почитуваме изборот на американскиот народ и му честитаме на господинот Трамп за неговиот избор.“
На брифинг со новинарите, портпаролката на кинеското Министерството за надворешни работи, Мао Нинг, изјави дека политиката на Кина кон САД е конзистентна.
„Нашата политика кон САД е конзистентна. Ќе продолжиме да ги гледаме и да ги водиме односите меѓу Кина и САД согласно со принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и соработка меѓу двете страни“,
изјави портпаролката на кинеското МНР на брифингот со новинарите.
Кинескиот претседател Си Ѓинпинг допрва треба јавно да ги коментира резултатите од изборите во САД.
Во врска со победата на Трамп претходно се огласи и руското МНР со порака оти Русија ќе соработува со новата американска администрација бранејќи ги своите интереси.