Иако има мали димензии, овој стан зрачи од шарм и ќе биде совршено привремено решение за студенти или прв дом за млада двојка.
Она што го прави посебен е многу добро осмислениот ентериер.
Од површина од 40м2, овој еднособен стан би делувал помал и потесен, ако не е вака добро испланиран.
Од една страна од просторијата се сместени удобна софа и столчиња и кревет на кат во структура на кутија. Под креветот има многу простор за скалдирање на работи.
Кујната е од спротивната страна од собата. Таа е отворена и паметно дизајнирана, со ѕидни шкафчиња и вградени плакари.
Бањата е пространа речиси колку кујната. Како што можете да видите на фотографиите го фото-галеријата, станот кој е мал во теорија може со паметна изведба да биде многу шармантен и комотен.