Многу се налутил- „Не разбирам… Објаснете ми зошто ова го направивте“

Во втроникoт  започна најсуровата фаза во конкуренцијата- ‘boot camp’. Незадоволниот кандидат им кажа на членовите од жирито на X Factor сѐ во лице!

Највозбудливата епизода на регионалниот X Factor се емитуваше вчера, т.н. ‘boot camp’ (работен камп)- во кој беше многу напнато и сурово, пишува српскиот Курир.

Во оваа фаза на натпреварувањето се кфалификуваа повеќе од 130 натпреварувачи, но само 24 од нив продолжија во следната рунда. Се чини дека еден од натпреварувачите воопшто не беше задоволен од одлуката на членовите на жирито, па своето мислење им го „плесна“ во лице.

25-годишниот натпреварувач во друштво на водителите дошол во станот во кој жирито за време на паузите помеѓу снимањата се одмара, и го изрази своето незадоволство.

„Дојдов да ви кажам колку е погрешно и не во ред сѐ тоа што го направивте. Вие не сте фер. Не требаше да биде вака! Не разбирам… Објаснете ми зошто го направивте ова,“ кажа разочараниот кандидат.

На прашањето Жељко Јокимовиќ му одговори дека така одлучиле и дека ако е толку упорен, да продолжи да биде и да се пријави и следната година.

- Реклама -