Одлуката да пешачите или да одите со велосипед на работа е совршен изговор да купите одлични патики и да посветите време на себе.
Одењето пешки или со велосипед на работа е прекрасна одлука како за здравјето така и за динамичен почеток на денот. Дејствува пријатно и ве полни со енергија за целиот ден, што пак ја подобрува работоспособноста и ве чини попродуктивни на работното место.
Одењето пеш и велосипедизмот го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести и дијабетес, помагаат во борбата со дебелината. Ваквиот начин на живот значително го намалува и секојдневниот стрес како резултат на сообраќајниот метеж, лошите патишта, недостатокот на паркинг места до работното место, нервозните возачи, преполниот градски превоз итн.
Помали трошоци
На овој начин ќе заштедите како од гориво и градски превоз, така и од плаќање за паркинг, а исто и од поправки поради секојдневната работа и амортицазија на возилото.
Заштедувате време
Чувството како се движите додека сите се нервозни на патот кон работа е непроценливо.
Социјализација
Одење пешки или со велосипед на работа е совршен начин да поминувате повеќе време со семејството и пријателите. Може да одите заедно пеш или со велосипед на работа, па по патот сигурно нема да ви е здодевно и нема да почувствувате како сте стигнале на работното место.
Вие и вашите мисли
Тоа е совршено време да останете насамо со своите мисли, да се ослободите од стресот и да пристигнете позитивно наелектризирани во канцеларија или вечер дома.
За крај доколку живеете далеку од работното место, па претпочитате да одите со автобус, симнете се неколку станици порано и уживајте во прошетката низ улиците. Доколку, пак, ве нервира градскиот превоз, а живеете далеку и претпочитате автомобил обидете се исто да пронајдете паркинг по кој ќе имате можност да го раздвижите телото.