Многу наскоро на кафе во Приштина без задолжителен ПЦР тест

Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата, на првата наредна седница, да го укине задолжителниот негативен ПЦР тест за влез во државата, објави „Алсат“.

Како што истакнуваат од Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство, тие се во постојана  координација со регионалните власти за координирано укинување на тестовите на регионално ниво.

Според директорот на ИЈЗ – Шабан Мемети, координирано укинување на ПЦР тестовите е во регионален и меѓудржавен интерес. Доколку сепак не се постигне регионален договор, ќе се склучат билатерални договори со одредени земји, како Косово и Србија (повеќе ТУКА).

Заменик министерот за здравство – Илир Хасани, пак, денеска на Фејсбук најави дека наскоро на кафе во Приштина ќе може да се оди без ПЦР тест.

Прочитајте и:  Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во С. Македонија ќе наиде на решително противење и единство на Албанците од цел Балкан

- Реклама -