Бред Пит и Анџелина Џоли по свадбата во Франција одлучиле да се почестат, ни помалку ни повеќе, со луксузна јахта!
Брачната двојка потрошила 250 милиони фунти за луксузната јахта. А извори тврдат дека актерите планираат да потрошат уште 200 милиони за да ја уредат јахтата точно онака како што сакаат.
Како што пишуваат британските медиуми, јахтата ќе ја дизајнира познатиот италијански бродоградител Кантиери Навали Ризарди и ќе биде покриена со најскапото дрво и мермер.
![Thigh tattoo: Angelina's inking is thought to read 'Whiskey Bravo' in honour of her partner, whose real name is William Bradley Pitt](http://i.dailymail.co.uk/i/pix/2014/09/15/article-2756907-215F5B8C00000578-665_634x732.jpg)
Анџелина ја откри новата тетоважа на препонот „Whiskey Bravo“ во чест на нејзинот партнер чие целосно име е Вилијам Бредли Пит.
На јахтата ќе биде вградена и технологија која им смета на папараците во обидот на сликање на фотографии, бидејќи ќе оневозможува дигиталниот фотоапарат да се фокусира.
По тајната венчавка во Франција, двојката се наоѓа во Малта каде го снимаат нивниот нов филм.
А додека се таму, и пред новата технологија на јахтата да биде вградена, папараците успеаа да фатат еден нивен ден на јахтата со децата.