Пред да стане светски признат фотограф, Joseph Szabo бил учител во средно училиште на Лонг Ајленд. Уште првиот ден на работа му станало јасно дека ќе мора да направи нешто специјално за да им го привлече вниманието на учениците. Па така, неговиот фотоапарат станува инструментот на зближување со младите.
„ …И мислам дека моите фотографии имаат еден вид на автентичен и вистински квалитет со кој многу луѓе успејаа да се поврзат“, рече Szabo за Huck Magazine.
„Секогаш се трудев да ги фатам овие многу лични моменти, и на искрен начин, прикажувајќи ги луѓето како го прават токму тоа што го прават. Можат да седат на школските скали и да пушат цигара, или да висат од кола мафтајќи со рацете и еуфорично викајќи ‘Ова ми е последен ден во училиште и никогаш веќе нема да се вратам тука!’. Можат да скокаат од возбуда од музиката што ја слушаат, или можат да се како мојот фаворит – Присила – малата девојка што пуши цигара на Jones Beach, која зрачи со девојчинско, но и со некаква зрелост и искуство“.