Младите наследници на највисоката класа

naslednici_intro.jpg Кога ќе ги видите нема ни на крај памет да помислите дека ова се привилегираните наследници на европската аристократија и најбогатите светски семејства. Фотографот Bruce Weber ги седна пред својот објектив за јунското издание на Vogue, а најинтересните од нив се токму овде на 365.com.mk


Кога ќе ги видите нема ни на крај памет да помислите дека ова се најбогатите наследници на европската аристократија и најбогатите светски семејства. Фотографот Bruce Weber ги седна пред својот објектив за јунското издание на Vogue, а најинтересните од нив се токму овде на 365.com.mk

Lapo Elkann (1977 г.)
lapo_elkann.jpg
lapo_elkann_2.jpg

Неговата мајка е наследничка на империјата на Fiat, а татко му е романсиер. Фотографиран е на брегот на Кан, а инаку времето го минува меѓу Париз, Торино, Милано и Њујорк.

Gabrielecorto Moltedo (1977г)
gabrielecorto.jpg

Во 1962 неговите родители ја основаа Bottega Veneta што групацијата Gucci ја откупи за 156 милиони долари. Интересно за овој наследник што сега има своја компанија за производи од кожа е дека нема возачка и користи јавен превоз.

Lady Eloise Anson (1981 г.)
eloise_anson_2.jpg
eloise_anson.jpg

Нејзиниот покоен татко е фотографот Patrick Lichfield, роднина на Кралицата Елизабета, а мајка и` е дамата Leonora Grosvenor. Eloise работи како помошник за шминка во одделот за специјални ефекти во филмско студио и ќе работи на следните два филма за Хари Потер. Нејзини ментори биле Philip Treacy и покојната Isabella Blow.


Rebecca de Ravenel (1982 г.)
rebecca_de_ravenel.jpg

Ќерка на маркизот и маркизата de Ravenel. Татко и` е француски аристократ и колекционер на уметнички дела, а мајка и` банкарска наследничка од Англија. Rebecca работи како моден консултант и живее во Париз

Tyrone Wood (1983 г.)
tyrone_wood.jpg

Тој е синот на Ronnie Wood од Rolling Stones. Момчето нема некое посебно образование, а со таков татко и не му треба. Си отвори уметничка галеријa во Лондон, а слободното време го минува дружејќи се со ќерките на Richards и децата на Jagger.


Почесната Sophia Fermor – Hesketh (1984 г.)
sophia.jpg
sophia_2.jpg

Таа е ќерка на Лорд Alexander Hesketh кој беше министер во владата на Thatcher, а работи како стилист за јапонскиот Vogue.


Alexander Flick (1986 г.)
alexander_flick.jpg

Мајка му е контесата Maya von Schönburg, а татко му е наследник на империјата на Mercedes. Младиот наследник живее во Лондон и само што го заврши документарецот The Magnolia Curtain, за кој воопшто не добил пари од родителите.

Останатите погледнете ги тука.

- Реклама -