Традиционално почетокот на третата деценија е почетокот на животот како возрасно лице. Но истражувачите сега тврдат дека луѓето созреваат подоцна во животот.
Во ново време 21 роденден е само изговор за голема забава пред да продолжиме со забавување во наредните девет години. Студијата, спроведена од истражувачи од добротворната организација Братството на Свети Лоренс од Мелбурн, користејќи податоци од две предградија на Мелбурн, следејќи деца родени во 1990 и дошле до заклучок дека само 38 проценти од нив веруваат дека созреале на 21 година.
Други 13 проценти биле употни дека не се возрасни само зашто наполниле 21 година. Останатите 49 проценти не можеле да се решат. Госпоѓа Џенет Тејлор, истражувач од добротворната организација, рекла дека некои од младите луѓе биле возбудени што созреале, што добиле независност, додека другите не биле подготвени кога стигнал нивниот 21 роденден.
„За некои млади луѓе, фактот што заработуваат пари независно од нивните родители и прават одлуки сами за себе направило да се чувствуваат како возрасни и некои се среќни што сè уште не мора да преземаат возрасни одговорности.“
„Голем број студенти имаат и работни места, што создава мешавина на независност и зависност.“ Изненадувачки, 72 проценти од 140 луѓе во анкетата сè уште живеат со своите родители. Истражувањето во кое децата биле анкетирани на секои седум години било претставено на конференција на Австралискиот Институт за Фамилијарни Проучувања.
„Мислам дека годините повеќе не го имаат истото значење како претходно“ додала госпоѓа Тејлор. „Но од друга страна, полнење 18 години е многу важно за многу млади луѓе. Тоа е возраста на која можат да пијат алкохол легално, да возат автомобил, и за многумина полнењето 21 година не е толку важно како полнење 18 години.“
Новиот влез во друштвото на возрасни е на 30 години, според психологот Хју Меки. Новата генерација на „возрасни деца“ подолго студира, патува и има повеќе избори за кариери. „Дваесет и една година е само изговор за забава. Кога созревањето е во прашање – 30 е новиот праг.“