Дека хип-хоп танцувањето станува се повеќе популарно во Македонија, сведочи и тимот на Aqua Dance Club, кој неуморно ги промовира своите млади таленти.
Во видеото погоре младата и талентирана Сања Ангелова танцува на сопствена кореогрефија на песната Diva од Бијонсе. Во второто видео пак, Ангелова, заедно со Леонардо Хусеини, преку кратко видео снимено за денот на вљубените, пренесува порака за љубовта на песната „Hold on we’re going home“.
Aqua Dance Club постои 14 години, а како самостојно студио работи четири години.
Во тие три години има освоено 35 трофеи и е повеќекратен шампион на државно и меѓународно ниво. Движечкото мото на ова студио е „Just Dance“. Така се вика и најновиот проект на студиото кој опфаќа снимање на кратки видеа на сопствени кореографии кои можете да ги проследите на YouTube каналот на AQUA Dance Club.
Во ова студио успешно се пренесува хип хоп културата и танцот и на помладите генерации (за што сведочи и шестото место во Европа во категорија хип хоп деца), се негува чувството на љубов и желба кон танцот, се цени креативноста и трудот на секој танчер и се заложува до секој член да се пренесе главната цел на танцот – дружењето, забавата и радоста.