Mладежите ја откриваат нашата судбина: Дали сте обележани за успех во животот?

Кинезите веруваат дека мжадежите на нашето тело можат да ја откријат нашата судбина, во зависнот од бојата, големината и позицијата на телото. Откријте дали вам ви претстои живот исполнет со успеси, живот на пат, среќен брак, успешна кариера или тешкотии во работата и љубовта.

Денеска, сепак ќе се осврнеме само кон делот на лицето.

licemladezi_1390405902

Позиција 1-3

Вие сте биле бунтовник во детството. Имате вродена креативност и најдобро функционирате кога имате слобода. Доколку имате младеж на овие позиции, најмногу успех ќе имате како менаџер, односно ако бидете сам свој газда.

Позиција 4

Многу сте импулсивни, харизматични и енергични.  Но, станувате многу збунети кога пред вас имате повеќе опции. Тврдоглави сте но вас тоа не ве држи долго. Сакате црврсто да ги аргументирате вашите ставови. Младежот на оваа позиција укажува дека сте многу темпераментни.

Позиција 5

Младежот над образите значи дека ве прати среќа кога станува збор за пари, но за да поситигнете таков успех треба да работите многу повеќе од другите луѓе. Паричното богатство морате да го чувате внимателно, бидејќи во вашето опкружување постоајт луѓе кои се обидуваат да ве изманипулираат и да ви го одземат крваво заработеното. Следете ја вашата интуиција.

Позиција 6

Младежот на оваа позиција укажува на интелигенција, креативност и уметнички вештини. Вашиот талент за уметност може да ви донесе богатство, слава и успех. Сепак, треба да бидете повеќе храбри.

Позиција 7

Младежот под образите укажува на расправија во фамилијата која ви носи немир и несреќа. Несогласувањата ќе влијаат на вашата енергија и кариера. Неопходно е да ги решите сите проблеми од овој тип, пред да започнете да напредувате во животот.

Позиција 8

Оваа позиција не е позитивна. Финансиската ситуација секогаш ќе биде проблематична поради вашата потреба да трошите многу повеќе од потребното. Имате предиспозиции да станете коцкар. Важно е да знаете кога треба да застанете. Личностите со младеж во оваа позиција имаат тенденција да флертуваат како со спротивниот, така и со луѓе од истиот пол. Контролијате како го користите вашиот шарм, бидејќи може да ве вовлече во проблеми.

Позиција 9

Оваа позиција укажува на сексуални проблеми. Тоа е многу лоша позиција и според верувањата би требало да го отстрание. Истиот носи голем број на проблеми.

Позиција 10

Младежот на оваа позиција пружа многу среќа кога станува збор за семејството. Луѓето со младеж на оваа позиција ќе имаат многу деца. вашата фамилија вам ви пружа финансиска и емотивна поддршка. Емотивно сте многу задоволна личност.

Позиција 11

Склоност кон болести. Се верува дека треба да го отстраните ако е голем и темен.

Позиција 12

Младежот на оваа позиција укажува на успех и рамнотежа во животот. Оваа позиција ќе ви донесе богатство, но и слава. Иако имате склоност да живеете на висока нога, ќе бидете многу задоволни од семејството. Жените со младеж на овој дел од лицето се многу убави и ги следи среќа низ животот.

Позиција 13

Децата ќе ви претставуваат грижа. Не сте и нема да бидете во добри односи со нив. Немате многу опции на располагање освен да бидете толерантни.

Позиција 14

Младежот на оваа позиција укажува на чувствителност на храна. Алергични сте на одредена храна или едноставно јадете многу повеќе од она што би требало.

Позиција 15

Вие сте личност која сака промени. Секогаш сте во движење и често го редизајнирате или реновирате вашиот дом. Сакате новости, да запознавате нови луѓе и да патувате на нови места. Многу сте несреќни, кога ќе останете долго на едно место. Сакате да патувате и имате авантуристични дух. Имате и око за детали.

Позиција 16

Морате да бидете многу внимателни кога станува збор за храна и секс. Тоа се вашите најголеми проблеми. Склони сте кон проблеми со килограмите и тоа ве прави депресивни. Сакте романтика и склони стево еден момент да имате повеќе сексуални партнери. Имајќи во предвид дека сте морална особа, такви љубовни и сексуални авантури ќе ви донесат грижа на совест што ќе придонесе стрес во животот.

Позиција 17

Друштвени сте, и тоа  многу. Вие сте вербално надарени. Постои можност да се пробиете и да стекнете слава, доколку не сте скромни кога станува збор за вашите животни успеси. Многу лошо ќе се чувствувате доколку ве отфрли друштвото, бидејќи вам околината ви е од огромно значење.

Позиција 18

Вие сте личност која е секогаш во движење. Оваа позиција укажува на чести и долги патувања. Морате да бидете многу внимателни кога патувате.

Позиција 19

Имате многу среќа во парите и бројни добри пријатели. Ваша слаба точка е тоа што потпаѓате лесно под влијание на спротивниот пол. Оваа позиција може да ви донесе многу проблематични ситуации низ животот.

Позиција 20

Младежот на оваа позиција може да ви донесе голема среќа или несреќа. ОВој младеж укажува на слава или неверојатна моќ. Многу сте интелигентни и вашата креативност е изразена. Вашите таленти можете да ги манифестирате на позитивен или негативен начин. Се зависи од вашата одлука. Ќе бидете запишани во историјата како добра личност или како тиранин.

Позиција 21

Кратко, јасно и среќно. Ве очекуваат успех и слава во животот.

Позиција 22

Ве следи среќа. Можете да станете многу славни низ спортот доколку е тоа вашата цел. Оние кои имаат младеж на крајот на образите се моќни и авторитативни. Овој младеж е поволен за директори, управен одбор или директори на огромни компании.

Позиција 23

Имате многу висок IQ. Многу сте интелигентни во теоретска и практична смисла. Многу сте борбени и вашиот живот ќе биде исполнет. Ќе бидете активни до крајот на животот и вашето семсјтво и пријатели ќе бидат до вас до самиот крај.

Позиција 24

Младежот на оваа позиција укажува на успех и слава во раните години од животот. Ви се советува да го искористите тој успех за да си обезбедите иднина, бидејќи тешкотиите за вас доаѓаат во подоцнежните години од животот.

Позиција 25

Луѓето кои имаат младеж на оваа позиција ги очекува успех и среќа во животот. Сепак, здржете ги вашите традиционални ставови кои ќе ви осигураат сигурна и среќна иднина.

- Реклама -