Apple конечно се изјави во врска со хакерскиот скандал.
Брајан Хамад е софтверски инженер. Има 26 години и е Американец. Хамад е првиот осомничен во скандалот во кој објави приватни фотографии од голи ѕвезди, меѓу кои и на Џенифер Лоренс, пишува Daily Mail.
Се посомневале во него бидејќи 13 фотографии од оскаровката пробал да ги продаде во замена на валутата Bitcoin.
Фотографиите прво ги објавил на Reddit под надимакот BluntMastermind, па се обидел да ги продаде преставувајќи се какоо хакер кој „провалил“ во сметките на славните личности.
За секоја фотографија барал 100 долари. Корисниците на 4chan успеале да откријат кој стои зад надимакот и Хамад е откриен.
Сепак, Хамад тврди дена тој не е хакерот кој е одговорен за крадењето на порно фотографиите на многу ѕвезди. Самоиот себе се нарекува идиот и вели дека фотографиите кои се обидел да ги продаде и на нив да заработи се всушност лажни.
Од Apple признале дека „активно истражуваат“ дали голите фотографии се украдени поради „дупка“ во нивниот iCloud сервис.