„МКД.мк“: Лични документи со „Северна Македонија“ ќе се издаваат од септември

Иако беа најавувани за во декември минатата година, новите лични документи кои ќе го содржат името Република Северна Македонија ќе почнат да се издаваат од септември годинава, објави „МКД.мк“ повикувајќи се на извори од МВР, кои потврдуваат дека во декември 2019 склучиле договор со германската Veridos GmBH Berlin за испорака на обрасци за лични документи. Со новите амандмани, во документите ќе биде наведена и eтничкaтa пpипадност на мaлцинcките зaeдници во државата.

 

Во периодот дотогаш, на македонските граѓани ќе им бидат издавани документи со името „Република Македонија“, но кои наместо важност од 10 години ќе важат најдоцна до 2024-та. Во патните исправи во овој период важечки е печатот на кој пишува „Оваа патна исправа ѝ припаѓа на Република Северна Македонија“.

Според „МКД.мк“, засега нема информации за евентуалното продолжување на овој рок, со оглед дека во Преспанскиот договор употребата на новото име во внатрешните документи се поврзува со започнувањето на пристапните преговори за членство во ЕУ, а „политичкиот период“ предвидува дека промената на името ќе биде имплементирана во рок од пет години од почетокот на преговорите.

 

- Реклама -