Мижите за време на сексот? Дознајте што значи тоа

Прашањето „дали мижите во текот на сексот“ е многу важно, бидејќи очите се како огледало на душата и симболизираат прифаќање на идејата на самата сексуалност.

Често се случува паровите да не разговараат се сексот, да не се искрени или да не им е пријатно.

Добро е само кога замижувањето е знак на целосно задоволство.

Foto-ilustracija: ForWallpaper.com

Како последица на сето тоа се јавува незадоволство во спалната соба, кое се одразува на сите други работи во животот и може да доведе до многу сериозен конфликт.

Замижувањето на очите во текот на сексуалниот одност може да укажува на разни проблеми: Може да значи дека не се чувствувате пријатно во врска со својата сексуалност. Од друга страна, затворањето на очите за некои луѓе значи исклучување од надворешните влијанија и фокусирање на чувството и сетилото. Може да сугерира дека се трудиме да се сконцентрираме на „акција“.

Прочитајте и:  12.000 долари за промена на бојата на очите - процедурата се попопуларна во САД

Некои луѓе имаат вроден срам од сексуално задоволство или сопственото тело. Или, во најлош случај, може да укажува дека сте присутни смао телесно, а со духот сте километри далеку.

Нерешен проблем меѓуѕпартнерите исто така може да доведе до „затворање на очите“. Незавршени расправии, навреди, емоционално или физичко злоставување или финансиски несогласувања.

Значи тешко е да се процени само по очите, туку очите во комбинација со дишењето и погледот ќе ви го дадат одговорат ако се запрашате „зошто мижи“.

И следниот пат кога во текот на сексот ќе ги затворите очите, нека биде тоа израз на вистинско задоволство.

Foto-ilustracija: Profimedia

- Реклама -