Мицкоски побара амнестија за осудените од 27 април

На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати лидерот на партијата, велејќи дека е потребно да се амнестираат осудените учесници во крвавиот четврток бидејќи „Македонија не треба да гледа во минатото, туку да се сврти кон иднината“.

„На ова лудило на политички реваншизам мора еднаш да му дојде крајот, затоа што премногу долго се делиме на ваши и наши, на Македонци, и помалку Македонци и затоа е потребна амнестија за луѓето од 27 април, затоа што мораме да продолжиме напред, а нема напред ако живееме во минатото“, рече Мицкоски.

Тој на овој митинг зборуваше и за штетноста на Договорот од Преспа потпишан меѓу Македонија и Грција.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон
- Реклама -