„Мицкоски е дете на Груевски и Мијалков, тие го поставија за да ги брани нивните криминали, одговорност ќе има“

„Граѓаните бараат правда и правдата мора да се обезбеди. Очекуваме надлежните институции да го пронајдат Сашо Мијалков и да постапат по судската наредба“, порача денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ – Костадин Костадинов, упатувајќо жестоки критики до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски.

„Одговорност за бегството мора да има и секако ќе има. Ама тоа нема никаква врска со детето на Мијалков и Груевски – Христијан Мицкоски.

Многу нечисто, нечесно, па дури и перверзно изгледа кога од устата на Христијан Мицкоски излегуваат зборовите ‘ правда’, ‘правна држава’ и ‘одговорност’. Тоа е истиот Мицкоски кој три години со сите сили правеше сѐ да ја попречи правдата“, продолжи Костадинов.

„Да, тој е истиот Мицкоски кој работеше против носењето на Законот за јавно обвинителство, човек кој предметите на Специјалното јавно обвинителство ги квалификуваше како ‘политички прогон’. А токму во тие предмети се обвинети Сашо Мијалков и Никола Груевски, но и Орце Камчев. Предмети има и за Антонијо Милошоски ама и за Игор Јанушев…

Така ги бранеше сите овие лично Мицкоски. За овие арамии може да зборува Мицкоски, да. Тоа е Христијан, детето на Мијалков и Груевски. Токму тие го поставија на чело на ВМРО-ДПМНЕ и затоа повеќе од три години Мицкоски работи во нивна заштита, против правдата и законите.

ВМРО ДПМНЕ е симбол за криминал и корупција, а Мицкоски е единствен на браникот на криминалот на режимот. Од тоа бегање нема. Јавноста слушна и негово признание како правел сѐ за да падне случајот ‘Империја’ и други предмети на СЈО, призна како земал пари од Орце Камчев.

Сашо Мијалков, олицетворение на криминалиот режим на ВМРО-ДПМНЕ побегна од правдата. Тоа покажува дека единствени со кои имал дилови и релации не е СДСМ туку белиот дворец. Единствена коалиција на криминалот е онаа на Мицкоски и Груевски, сосе Мијалков, Камчев, Гордана Јанкуловска.

Одговорност за бегството на Мијалков мора да има, ама одговорност мора да има и за сите бивши и сегашни функционери од белиот дворец и ВМРО-ДПМНЕ против кои се водат процеси пред судовите“, порача портпаролот на СДСМ, како одговор на барањата на опозицијата за оставки, односно одговорност за бегството на Мијалков.

- Реклама -