Владата на СДСМ во периодот од 2002-2006 година можеше да бара делумна ништовност на договорот со ОКТА, но не го стори тоа од коруптивни причини и од политички причини – да ги тепаат ДПМНЕ по глава за ОКТА, без да им е гајле што тоа ќе не чини милиони, тврди адвокатот Јанаки Митровски.
Денеска Владата потврди дека „пред два-три дена“ ја добиле пресудата од Арбитражниот суд во Париз (откако претходно објавија грчките медиуми), според која Македонија треба да му плати околу 21.5 милиони евра отштета на грчки „Хеленик Петролеум“ поради прекршување на договорот со ОКТА (набавување на помали количини мазут од договорените 500.000 тони годишно, во период од 20 години).
Според Митровски, договорот, потпишан во 1999 година од владата на Љубчо Георгиевски, е „школски пример за штетен договор“ и оттаму одговорноста е токму кај Георгиевски.
„А ЉуБчо, што без срам и перде се шета како средно богат бизнисмен и уште демагогии продава, нека оди нека ги плати сега 25 милиони на Хеленик Петеролеум, знаеме дека има!“, порача Митровски, алудирајќи на „образложението“ од ВМРО-Народна партија, според кое проблемот и вината се кај Уставниот суд, а не во склучувањето на договорот.