MIT развиле метод за одделување нафта од вода со помош на магнети

По несреќата на Deepwater Horizon во Мексиканскиот Залив се чинеше дека наскоро ќе откриеме како да ја одделиме нафтата од вода. Имаше многу предлози од јавноста која сакаше да помогне.

Но сега инженерите од MIT велат дека развиле нова техника користејќи магнети која се надеваат дека во иднината ќе спречи повторување на вакви катастрофи. За време на истражувањето тимот од MIT употребил „хидрофобични железни наночестички измешани во нафтата, за подоцна да можат да ги разделат со магнети“.

Наночестичките можат повторно да бидат употребени откако ќе бидат отстранети од нафтата со помош на магнети. „Има доста многу претходно истражување за разделување на вода и таканаречените феротечности – течности со магнетни наночестички. Типично ова подразбира пумпање на мешавината од вода и феротечност низ канал додека магнетите го одредуваат текот на феротечноста.“

Прочитајте и:  Израелските напади ги зголемуваат цените на нафтата и економскиот товар на Иран

„Овој пристап може да биде успешен ако концентрацијата на феротечноста е позната и остане константна. Но во вода полна со нафта, концентрацијата може да варира. Да речеме дека се работи за систем за одделување составен од две гранки со магнети на едната страна. Ако концентрацијата на нафтата е нула, тогаш водата ќе течи во двете гранки.“

„Ако концентрацијата е ниска тогаш многу вода ќе тече во гранката наменета за нафта. Ако концентрацијата на нафта е висока тогаш многу нафта ќе тече во гранката наменета за вода.“ Досега овој метод е доста ефикасен. Да се надеваме само дека никогаш нема да има потреба за користење на овој систем. [MIT develops a way to magnetically separate oil from water]

- Реклама -