Мистериозен звук од низок опсег бил регистриран од Пацификот.
Иако чудниот сигнал е забележан уште во 1991 година, потеклото се уште не му е утврдено.
Имено по снимката направена во 1994 година, неговата моќ постепено се намалува, но сепак тој се слуша и до ден денешен.
Овој сигнал е различен од звуците кои што ги продизведуваат подводните вулкани и китовите. Станува збор за долга низа од звуци, од кои што секоја трае по неколку секунди.
Со текот на годините стана сосема јасно дека звукот се слуша најостро напролет.