Џеклин Сатон, поранешна новинарка на Би-Би-Си била на пат кон Ирак. Меѓутоа, по мал инцидент на аеродромот во Истанбул Џеки била пронајдена обесена во тоалетот.
Турските власти соопштија дека на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул било пронајдено телото на британската новинарка Џеклин Ен Сатон, за која турските медиуми наведуваат дека извршила самоубиство со бесење во тоалет на аеродромот бидејќи го пропуштила летот за во Ирак, а немала пари за нова карта.
Турската агенција Анадолија објавува дека Џеклин Сатон се вознемирила што го пропуштила летот, а немала пари да купи нова карта. Нешто подоцна три руски патници го пронашле нејзиното тело во тоалетот.
Нејзината колешка Ребека Коук повика на меѓународна истрага.
-Шокантна и многу тажна е веста за смртта на Џеки. Неопходна е меѓународна истрага, а не само локална, вели Коук.