Мистериозен „Објект“ ја запре најголемата дупчалка на планетата

Берта, најголемата дупчалка за копање тунели низ светот, налета на мистериозна препрека под тлото на Сиетл. Препреката е толку мистериозна, што ја именуваат само како „Објектот“.

Заглавувањето на 90-метри долгата и 5 ката високата машина предизвика многу интригантни прашања, особено што се знае дека е специфично дизајнирана за да биде незапирлива. Сепак, „нешто непознато“, како што велат инженерите, веќе неколку дена го попречува прогресот на дупчалката со најголем дијаметар на планетата.

S
Запознајте ја „Берта“
Тунелот под Сиетл ископан од „Берта“

Дел од претпоставките се дека се работи за карпа од ледената доба, заглавена под градот. Други мислат дека се работи за закопани делови од стари возови, а некои веруваат (и се надеваат) дека пречката е Мегатрон лично. Некои одат дотаму што сметаат дека душата на Сиетл е онаа што ја попречува работата на Берта, од причини што само тие ги знаат. А можеби е НЛО?

Megatron[1]

Што и да е, пречката е „жилаво копиле“ кое ја држи Берта заглавена во длабочините на Сиетл. За сето тоа време, работниците работат во услови на атмосферски притисок како оној што го чувствуваат нуркачите. Пред да излезат на површината, задолжително поминуваат низ декомпресиона комора.

- Реклама -