Огромниот кратер, кој што се појави во Сибир, ги изненади научниците. Дупката со дијаметар 50 до 80 метри била откриена од пилоти на хеликоптер на полуостровот Јамал, соопштуваат руските медиуми. Околу неа има прстен, најверојатно направен од експлозија, а во центарот е многу темно, информира весникот Труд. За чудниот кратер се појавија различни објаснувања – од паднат метеорит до експлозија на гас. Според експертите нема метеорит кој ќе „ископа“ таква дупка и истовремено со тоа ќе остане незабележано од работниците на блиската нафтена платформа. Други пак, ја отфрлаат автентичноста на видеото.
Вистинското објаснување најверојатно е многу нормално. Во текот на летото во тундрата често се формираат могили (нафрлана замја) поради притисокот од топењето на мразот. Кога внатрешните тензии ќе станат преголеми, овие одрони може да експлодираат, формирајќи дупка и остатоци на значително растојание. Полуостровот Јамал во далечниот север на Русија е толку оддалечен што името значи „крајот на светот” на локален дијалект.