Мистеријата на дрвото на кое растат пениси

Навидум, кога ќе го погледнете овој мурал од далечина, се чини дека на дрвото растат некои чудни плодови што личат на пениси. Но, одблизу, ќе се уверите дека „плодовите“ се токму пениси.

Во денешно време, ништо не не чуди. Но, необично е што овој мурал е насликан во 13-от век, во Тоскана. На дрвото има вкупно 25 пениси, а под нив се насликани жени, од кои едната се обидува да досегне до гранките, со стап.

mural_closeup

Останува мистерија зошто муралот е насликан во една таква чудна година (далечната 1265-та година), но и намерата на авторот. Една теорија вели дека се работи за симбол на плодноста, бидејќи дрвото се наоѓа блиску до фонтана, што тогаш било главен извор на вода.

mural2

Една друга теорија вели дека ова е политичка порака до Гибелини, кои тогаш владееле во Тоскана, и за кои се сметало дека ќе донесат само блуд, разврат и вештерство. Во согласност со оваа теорија, жените под дрвото се вештерки. За нив се верувало дека можат да им ги украдат пенисите на мажите и да ги однесат на дрво, каде тие би продолжиле да „живеат“ и да се размножуваат.

Муралот е откриен во 2000-тата, а беше реставриран пред 3 години.

mural1

 

- Реклама -