Ако сте мислеле дека низата од 16 броеви на кредитните картички настанува сосема случајно, не сте биле во право.
Првите неколку бројки покажуваат за која картичка станува збор.
Да речеме, Виза започнува со 4, Мастеркард со 5, Американ Експрес со 34 или 37.
Математичката формула за генерирање на броевите на картичките ја измислил IMB инжењерот Ханс Лун уште во далечната 1954 година.
На почетокот изумот бил патентиран, но денес е светски стандард за ISO/IEC 7812-1.
Луновиот алгоритам е толку „паметен“ што многу лесно открива некаква грешка при впишување на бројот, а дополнително значење има и тоа што во случај на случајно генериран број постои едвај 10 отсто шанса бројот да содржи исправна контролна цифра.