Мистерија: Запреле 250 часовници во исто време

Префектурата Шимане, на Јапонскиот остров Хоншу, е тивко, мирно и рурално место. Дури и во административната зграда на општината, нема многу случувања. Освен што, неодамна изгледа беше нападната од духови?!

На 16 декември, како и секој ден, вработен во административниот комплекс пристигнал на работа во 8 наутро. Само што, ѕидниот часовник покажувал 1:35 наутро. Чудното е што сите (околу 250 часовници) во комплексот го покажувале истото погрешно време.

Од друга страна, сите овие часовници се контролирани од една централна единица што испраќа радио-сигнали до секој од нив, со цел подобра координација. Сепак, направената инспекција на централната единица не покажала никакви абнормалности. „Имало случаи во минатото кога часовниците покажувале погрешно време, но се работело најмногу за неколку минути. Никогаш до сега не се случило сите часовници да запрат во исто време, како сега“ – вели вработен во одделот за одржување.

Уште почудно, во 13:35 истиот ден, точно 12 часа по „запирањето на времето“ во комплексот, часовниците наеднаш почнале пак да работат.

sc-31

Во време кога секој има барем еден мобилен телефон, овие мистериозни случувања не предизвикале сериозни проблеми за вработените. Сепак, тие се збунети и немаат одговор како дошло до оваа абнормалност.

Теориите околу случајот во најголем дел укажуваат на тоа дека контролната единица е стара преку 30 години, што би значело дека може да се очекуваат повремени проблеми. Други сметаат дека се работи за електричен спој предизвикан од сеизмички активности или пак грмотевици во областа. Но, добар дел од нив, велат дека зад оваа мистерија стојат паранормални активности и ентитети.

Префектурата Шимане е тивко, мирно и рурално место… Но и центар на паранормални случувања во неколку традиционални јапонски приказни за духови. Лафкадио Херн, на пример, престојувал токму на ова место додека истражувал и ја пишувал својата колекција натприродни приказни.

9780804836623__81777.1380834084.1280.1280[1]

- Реклама -