Мистериите на Сибир: Најголемата експлозија во историјата

clipboard01_14714476323[1]

Пред повеќе од 100 години, огромна експлозија одекна во Тунгускиот регион на Сибир, и ги срамни со земја дрвата во радиус од 50 километри. Експлозијата беше налик на таа што би била предизвикана од удар на голем астероид или комета, бидејќи ослободи моќ еднаква на 185 атомски бомби како таа фрлена врз Хирошима.

Меѓутоа, во Сибир никаде не беше пронајден кратер, ниту пак остатоци од таков вселенски објект.

Научниците сé уште не знаат што ја предизвикало оваа експлозија, и покрај безбројните истражувања околу мистериозниот настан кој се случи на 30 јуни 1908 година. Од шпекулации дека се работи за натприродна појава, до тоа дека Сибир го посетиле вонземјани, се јавија голем број теории, но ниту една на научна основа. Локалните жители, на пример, сметаа дека биле посетени од божеството Огди, кое според нивните верувања, ги проколнало.

Огди или не, повеќе од 80 милиони дрва беа срамнети со земја од ударот, а беа најдени и изгорени остатоци од стотици животни.

tunguska-ereignis_14714476500[1]

Можното објаснување?

Во прегледот на научни студии на тема настанот, објавени во Annual Review of Earth and Planetary Sciences, Наталија Артемијева од Институтот за палеонтологија во Тусон – Аризона, истакнува дека можеби сепак има објаснување:

Некој астероид (или комета) влегол во атмосферата со брзина од 14 до 30 километри во секунда, а бидејќи бил многу кршлив, се распаднал на околу 10 километри од тлото. Сé што во такви услови останало од метеорот е космичкиот прав, па заради тоа и никогаш не се најдени остатоци од него.

А сепак, не само што ударниот бран стигнува дури и до Англија, туку луѓето во Азија тврдат дека надвор било доволно светло и видливо за да може да се чита весник… на полноќ.

„Целиот северен дел на небото како да гореше! Во тој момент слушнавме пукот и силен удар. Ударот го следеше силна бучава, како камења да паѓаат од небото (што се коси со теоријата за космичкиот прав како единствен остаток). Земјата се тресеше“, тврдеа тогаш очевидци. Според нивните кажувања, ударот бил толку силен што луѓето паѓале од столовите. Зборуваме за локација оддалечена 100 километри од местото на експлозијата.

IMG_1437337884[1]

Теоријата дека се работи за експлозија на астероид, прв ја предложи Леонид Кулик во 1927 година. Други сметале дека се работи за комета, но составена од мраз, што значи дека би можела да испари во атмосферата.

Подоцнежните истражувања најдоа мали траги на силикатни и магнетит во почвата, која, како што се покажа подоцна, била многу богата со никел.

Поновите студии пак, вклучувајќи ја и таа од 2013 година, потврдија дека примероците од почвата содржат материјал од метеорско потекло, со траги од минералот лонсдејлит, за кој е познато дека се јавува при удари на „небесни камења“ на Земјата.

vadim-tls-andrianov_14500967101[1]

Од друга страна, метеорските дождови се толку вообичаени, што овие примероци просто може да се само остатоци од некои поранешни или подоцнежни незабележани удари од многу помали метеори.

Во 2007 година, еден тим од италијански научници предложи теорија според која можеби сибирското езеро Чеко е всушност кратер од ударот, со оглед на тоа дека пред настанот од 1908 го немало на мапите. Но тоа не е задоволително објаснување, бидејќи не се пронајдени никакви материјали кои би укажувале на таквото потекло на езерото.

Па така, иако постои генерален консензус дека експлозијата се случила како резултат на влез на некое вселенско тело во атмосферата на Земјата, настанот во Тунгуската област всушност останува една голема мистерија.

- Реклама -