Толстој се смета за еден од најголемите романсиери на сите времиња, во прв ред поради неговите најпознати романи, Војна и мир, историска и реална реконструкција на наполенските војни и кримската војна и Ана Каренина, трагична љубовна приказна. Како морален философ, Толстој е познат по своите идеи за ненасилниот отпор, искажани во неговото дело Царството Божје е во тебе. Овие идеи извршиле големо влијание врз Махатма Ганди, Роман Роланд и Мартин Лутер Кинг.
Покрај писател, Толстој е познат и како морален мислител и реформатор кој извршил огромно влијание на христијанскиот анархизам. Во тој поглед е создадено Толстојското општествено движење. Толстој иако бил воодушевен од создавањето на вакво движење никогаш не ги охрабрувал луѓето да се приклучат на истото, сметајќи дека секој треба да има своја свест. Како дел од благородничкото семејство Толстој, ја носел титулата гроф.
Најубавите мисли од Лав во продолжение:
Тешко е да се спознае Бог, но тоа не значи дека го нема. Тоа е знак на неговата величественост, а не на нашата слабост.
Се плашиме од она што го сакаме.
Често слушаме како младоста вели: „ Не сакам да живеам со туѓ разум, сакам да размислувам сама“. Земи го она што е готово и продолжи понатаму. Во тоа е силата на човештвото.
Дај му поголем одмор на јазикот, отколку на рацете.
Зборувај само за она што го разбираш, во спротивно молчи.
Личната среќа не е возможна надвор од општеството, како што животот на билките не е возможен ако е извадена од земјата и е фрлена во неплоден песок.
Мозокот на човек без разбота е омилено прибежиште на ѓаволот.
Не треба да се срамите од никаква работа, па дури ни од најодвратната. Треба да се срамите од животот како неработник.
Причината за многу несреќи лежи на дното од винската чаша.
Не вознемирувај никој друг со она што можеш сам да го направиш.
Никогаш не ги слушајте оние кои лошо зборуваат за другите, а добро за вас.
Она што поминало повеќе не постои, она што ќе биде уште не дошло. Што постои тогаш? Само онаа точка во која се среќаваат минатото и иднината. Ете, во таа точка е целиот наш живот.
Седум пати прегризај јазик пред да започнеш да зборуваш.
Сите мисли кои имаат големи последици се едноставни.
Треба да знаеш дека освен задоволство, постојат среќа и мир на други луѓе.
Во шахот, како и во животот, ги забележуваме своите грешки дури кога другите ги прaват.