Мислеле дека шверцува измет, а тоа да ти било злато во паста вредно 21.000 долари (ФОТО)

Кога обезбедувањето, откако се огласил детекторот за метал, го запрело и му извршила претрес на сомнителен маж на аеродромот во Делхи, прво помислиле дека човекот шверцува човечки измет. Барем така изгледало тоа во пакетот што му бил залепен за стомакот.

Сепак, набрзо е утврдено дека се работи за 650 грама темно-жолта таканаречена „златна паста“, чија вредност се проценува на речиси 21 илјада долари (поточно 20.871 долари).

За да се екстрахира златото од ваквата супстанца, потребно е истата да се загрее со керозин. Еве како изгледа:

https://twitter.com/SputnikInt/status/1073269317813231616

Сепак, иако Централните индустриски безбедносни сили морале да ја конфискуваат пастата, патникот не бил уапсен, бидејќи вкупната вредност на истата не го надминува дозволениот лимит за внес на благородни метали во Индија – во вредност од 27.000 долари.

Во последно време ваквиот начин на шверц на злато станува сé попопуларен меѓу криумчарите во Индија.

- Реклама -