Мисла на денот раскажана од еден мачор

Еднаш еден стар мачор видел мало маче што се обидува да ја фати сопствената опашка, притоа целосно посветено кон таа цел. 

Мачорот се приближил и седнал на тревата до него. Долго го гледал како паѓа и станува, а потоа продолжува до бескрај со својата бркотница. Конечно мачето се изморило и седнало до него на тревата.

– Каква игра е тоа? – прашал мачорот. – Зошто се обидуваш да си ја фатиш опашката ?!

– Ми рекоа дека опашката е мачја среќа. Ако ја фатам, ќе имам голема среќа во животот – одговорило малото маче.

– Кога бев мало маче и на мене ми го кажаа истото – насмеано одговорил мачорот – и јас со часови секој ден се трудев да си ја фатам опашката, па затоа немав време да ја дознавам и проучувам мачјата мудрост.

– И што се случи потоа? – со интерес запрашало мачето.

– Потоа, кога оваа бесмислена игра сосема ми здодеа или едноставно пораснав, престанав да се занимавам со тој беспредметен потфат и почнав да ги совладувам мудростите од нашиот вид. И знаеш тогаш што забележав?

– Што? – викнало маче.

– Видов дека опашката секогаш и секаде ме следи.

- Реклама -