Мисла на денот: Лав Толстој за поезијата

Поезијата е оган што се пали во душата на човекот. Овој оган сјае и свети.

Има луѓе кои го чувствуваат согорувањето, други – топлината, трети ја гледаат само неговата светлина, четврти  не ја гледаат светлината. Мнозинството – толпата, судиите на поетите, не го чувствуваат согорувањето и топлината, туку ja гледаат само светлината. И сите тие мислат дека задачата на поезијата е само да осветлува. Луѓето кои мислат така, самите стануваат писатели и одат со фенер, осветлувајќи го животот. (На нив природно им се чини дека светлината е најпотребна таму каде што има темнина и безредие.)

Други разбираат дека поентата е во топлината и тие го топлат вештачки она што лесно се загрева (и едното и другото често го прават и вистинските поети, кога во нив не гори оган). Но, вистинскиот поет сам ненамерно и со болка гори и ги согорува другите. И токму во тоа е целата работа.

Мисла на денот

Лав Толстој

1870. Бележник

L.N.Tolstoy_Prokudin-Gorsky

- Реклама -