Мисла на денот: Квалитет, а не квантитет

Еден важен кинески службеник имал син единец – неглупаво момче, но нетрпеливо и неистрајно. Тој во ништо не пројавувал ревност и знаењата му биле површни. Со што и да се зафател, тој го проучувал до крај, но набрзина и не се продлабочувал во него.

Татко му, загрижен од овој факт, еден ден отишол кај еден мудрец за совет. Мудрецот му предложил на таткото да го испрати својот син во школо за боречки вештини, напишал нешто на едно ливче и го дал на таткото, кој требало да ја предаде белешката на синот кога ќе заврши со обуката и ќе се врати дома.

Бидејќи парите не биле проблем, таткото веднаш го запишал својот син во најдобрата школа за боречки вештини во земјата. Момчето почнало да тренира, но наскоро му здодеално да повторува исти движења и му рекло на својот учител:

– Учителе, колку треба да повторувам едно исто? Не е ли време да ја проучувам вистинската боречка вештина, со која се слави вашата школа? Мајсторот ништо не одговорил, но му дозволил на момчето да ги повторува движењата на постарите ученици и наскоро тој научил многу нови нешта.

Откако веќе ги пробал сите удари, младиот човек, задоволен од себе, се упатил кон родната куќа. Патот одел покрај голема полјана, среде која, младичот видел некој старец како тренира удар со една рака. И додека младиот човек шетал по ливадата, старецот без замор го повторувал истиот удар.

– Еј, стари! – викнало момчето.

– Што сакаш млад човеку?

– Онака нема да победиш дури ни дете!

Во одговор, старецот му предложил на младиот човек да се обиде да го победи.

Момчето го прифатило предизвикот.

Десет пати тој се обидел да го нападне старецот и десет пати старецот го туркал на колена со истиот единствен удар со раката – оној кој без замор го повторувал. По десеттиот пат младото момче веќе не можело да се бори.

– Би можел да те убијам уште со првиот удар! – рекол старецот. – Но ти си уште млад и глупав. Оди си по патот.

Адолесцентот засрамен тргнал. Кога пристигнал во неговата родна куќа, неговиот татко, како што му  заповедал мудрецот, му го предал писмото. Момчето го отворало и внатре пишувало:

„Еден удар, научен до совршенство, чини повеќе од сто недоучени”.

Мисла на денот

Источна приказна

- Реклама -