Суштината е во прифаќањето, а не во каењето. Човек што се кае сеуште живее во минатото и одржува цврсти духовни врски со луѓе и настани кои веќе не се дел од неговиот реален сегашен живот. Тоа е затвор за душата. Душата мора да е слободна, за да може слободно да прескокнува од едно до друго место во времето. А само слободна душа може да е спокојна. Спокоен е оној човек кој ги победил сопствените внатрешни демони. А мислите се тирани кои постојано ќе се враќаат за да не измачуваат. Затоа е потребно да се прифати, за потоа да може да се разбере и да се продолжи понатаму.
Мисла на денот
Васил Зафирчев