На прозорецот на вашата соба во хотелот „Валдорф –Асторија“ на 33-от кат, секое утро слетуваат гулаби.
Тесла: Човекот мора да биде сентиментален кон птиците. Тоа е поради нивните крила. И тој некогаш ги има, вистински и видливи!
Не престанавте да летате уште од оние дамнешни денови во Смиљане!
Тесла: Сакав да полетам од покривот и паднав: погрешни детски проценки. Не заборавајте, момче, крилата се сè во животот!
Хотелскиот персонал зборува дека за време на грмотевици се затворате во соба и сам со себе разговарате.
Тесла: Разговарам со молњите и громовите.
Со нив? На кој јазик, господине Тесла?
Tесла: Најчесто на мојот мајчин јазик. Во него има зборови и звуци, особено во поезијата, кои се поволни за тоа.
Читателите на нашиот весник би Ви биле благодарни ако тоа го протолкувате.
Тесла: Звукот не постои само во громот, туку и во молњата, кај неа тој е претворен во сјај и во боја, а боите може да се слушаат. Јазикот е од зборови, што значи дека е од звуци и бои. Секој гром и молња се различни и имаат свои имиња на оние што ми се блиски во животот или се наречени по оние на кои им се восхитувам. Во небото грмат мојот брат Данило, мајка ми, сестра ми, поетот Змај и личности од српската историја, но и Леонардо, Бетовен, Изаија, Гоја, Пушкин…
Мисла на денот
Никола Тесла