„Еден ден, шетајќи по улиците, се фатив како полугласно ги мрморам вообичаените слогови. Во настап на налудничавост ги преиначив вака: „ Јас сум безбеден, јас сум безбеден, да ако не бидам толку будала за отворено да го признаам злосторството.
Велат дека сум зборувал јасно и разбирливо, но намерно нагласено и со странски акцент, небаре сум се плашел некој да не ме прекине пред да ги завршам кратките, но значајни реченици, што ме предадоа во рацете на џелатот и во пеколот.
Откако сум кажал се што било потребно за најцелосна судска пресуда сум паднал онесвестен.
Но што уште да ви кажам? Денес ги носам овие окови и овде сум! Утре ќе бидам без окови! Но каде?“
Мисла на денот
Едгар Алан По
Ѓаволот на перверзноста