Маж и жена се скарале. Толку многу што изгледале како да нема да се помират никогаш повеќе и не постои жива сила што ќе ги предомисли.
Додека седеле тивко и секој гледал во некоја своја точка во спротивниот ѕид, мажот шепнал неочекувано:
– Те сакам …
Таа одговорила, без да го гледа:
– Докажи ми го тоа.
– Како? – прашал мажот.
– Извикај го така што ќе слушне целиот свет.
Тој тивко се приближил кон неа и едвај и шепнал: – Јас те сакам.
– Но нели требаше да го кажеш на целиот свет? Зошто ми шепна на уво? – продолжила да се распарава неговата жена.
– Затоа штоа, драга моја, за мене целиот свет си Ти.
Мисла на денот