Мишо Ковач ќе пичи на Марс

curiosity-rover[1]

Колку прекрасно време да се биде жив!

Ние може да сме таа среќна генерација што ќе дочека стихот „Poljubi zemlju po kojoj hodaš, ne diraj sunce, sunce s neba“ на Мишо Ковач (75) да одекне на Марс.

Малку бекстори: Американската вселенска агенција НАСА, во 2004-тата на Марс прати две беспилотни роботски возила – Spirit и Opportunity. За добро утро, екипата од контролниот центар во Пасадена им пушташе музика.

Така, на Марс можеше да се чуе хитот на Битлси „Good Morning, Good Morning“, а кога на Spirit му пукна кабелот, му ја пуштија „Unchained“ (во превод „неврзан“) на Van Halen. Кога Opportunity прати фотографии на Земјата, му ја пуштаа „Pictures Of You“ на The Cure.

Се вртеа песни од бројни култни бендови, како Rolling Stones, Queen, Ramones, Beach Boys, Sting и други музички легенди.

Кога во 2013-та роверот Curiosity ја славеше првата годишница од мисијата на Марс, редакцијата на хрватскиот 24sata реши на НАСА да ѝ испрати свој музички предлог, избран од нивните читатели. Избрана беше „Пољуби земљу“ на Мишо Ковач од 1987 година. Се разбира, штосот е во значењето на стиховите… океј де, на повеќето од стиховите.

Да не се работеше за најголемата вселенска агенција на планетава, можеби и немаше да добијат „риплај“. Ама вака, НАСА одговори: „Стиховите се многу емотивни и песната сигурно прекрасно звучи на хрватски. Благодариме што ни ја испративте, влезе во нашата селекција од песни кои ќе бидат емитувани“. И така, штом се врати трендот на пуштање на песни на Марс, меѓу нив ќе се најде и хитов (со прекрасен спот, нели):

Подобро од Мишо Ковач на Марс ќе биде, на пример, ние да испратиме свој претставник. Чекаме предлози во коментари.

- Реклама -