Во петок на 13 септември во 20 часот во “Котур“ како дел од музичката селекција свој сет ќе има „Mishka”, ди-џејка, промотерка и музички супервизор од Сан Франциско, моментално стационирана во Лос Анџелес . Таа доаѓа во Скопје во склоп на нејзината мини Европска турнеја веднаш после Cafe1001 во Лондон и Doka – Амстердам. Домаќин на вечерта е Soul Case @bojanjanev
„Mishka” држи веќе шест годишна резиденција на едно од нај реномираните светски радиа, ‘NTS’, каде што во минатото емисијата и беше фокусирана на музика од источна Европа, а покрај тоа, има и месечна резиденција на ‘HydeFM’ од Сан Франциско и меѓу другото, гостувала на Dublab, TestFM и KXLU. Надвор од светот на радиото, Mishka го има делено пултот со артисти како LCD Soundsystem, Chaos in the CBD, Nightmares on Wax и Avalon Emerson во легендарни места како 015 Folsom, Public Works, Warfield Theatre, Zebulon и Homage. Држи месечна резиденција во веќе легендарниот ‘Bar Part Time’, несомнено едно од најбитните места за музика на западната обала во САД, ако не и во целата држава, и е половина од промотерското дуо “Remind Me” – каде што хостала имиња како Jack J, Baba Stiltz, Suzanne Kraft и Benedek.
На радио, Mishka се движи помеѓу синт поп, колд вејв и балеарик, додека на журки, нејзините сетови обично се карактеризирани со фузија на клупски звуци, хаус и њу бит.