Поранешната прва дама на САД – Мишел Обама, во интервју со ќерката на Џорџ Буш – Џена Буш Хагер, ги пофали неговите човечки квалитети.
На муабет околу поранешниот американски претседател паднаа поради фотографијата од еден собир во 2016-та кога Мишел срдечно го прегрна Буш. Фотографијата го обиколи светот, а јавноста заклучи дека Мишел и Џорџ имаат фин и мошне пријателски однос.
„И така, добив порака од тато: Поздрави ја Мишел“, го почнува интервјуто ќерка му Џена. „Го прашав зошто не ве персира или не ве нарекува г-ѓа Мишел, а тој праша зошто тоа би го правел и ми кажа дека отсекогаш ве викал само Мишел“, прашала Џена барајќи објаснување. Додала и дека ѝ е драго што фотографијата воопшто постои и дека радо ја чува дома.
„Би сакала луѓето во земјата да знаат дека е можно да не мразите некој кој не се сложува со вашето мислење. Тоа е она што е потребно меѓу републиканците и демократите. Сите сме ние Американци, и се обидуваме да живееме, да ги израснеме нашите деца и да продолжиме понатаму“, одговорила Обама, додавајќи дека со Буш не се согласуваат баш во сé.
„… Но тоа не ме прави злобна, ниту него глупав. Тоа е само несогласување, а кога ќе помислам на Џорџ, секогаш прво се сетувам дека тој е прекрасен, забавен и добар човек. Но не се согласуваме во сé и тоа е во ред“, заклучила Мишел.