Мисајловски на состанок на Контакт-групата за Украина: Oстануваме посветени кон поддршката за украинските граѓани

На маргините на состанокот, министерот за одбрана Владо Мисајловски остварил средби со своите колеги од Бугарија, Албанија, Косово и со заменик-министерката за одбрана на Романија. Ја потврдиле заложбата за траен мир во Европа

Нашата земја останува посветена кон поддршката за Украина и украинските граѓани – е пораката која министерот за одбрана Владо Мисајловски ја испратил од состанокот на Контакт-групата за Украина што се одржа денеска во Рамштајн, Германија. На состанокот по првпат учествуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Од денешниот состанок на Контакт-групата за Украина

На состанокот, како што информираат од Министерството за одбрана, била потврдена потребата од почитување на принципите на меѓународниот правен поредок и недвосмислено била изразена поддршка за независноста и одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Од денешниот состанок на Контакт-групата за Украина

На маргините на состанокот на Контакт-групата на Украина, како што додаваат од Одбрана, министерот Владо Мисајловски остварил средби со своите колеги од Бугарија, Албанија, Косово и со заменик-министерката за одбрана на Романија. Ја потврдиле заложбата за траен мир во Европа.

Инаку, Контакт-групата за Украина ја сочинуваат 57 земји, меѓу кои сите 32 членки на НАТО-алијансата. Под лидерство на САД, со ова тело се координираат напорите за помош и поддршка за Украина.

- Реклама -