Мис Универзум по грешка

Неделава се одржа изборот за Мис на свет, каде Македонија ја претставуваше атрактивната Емилија Розман, но и Мис Универзум каде немавме наша претставничка,па можеби и немаше да пишуваме за настанов да не беше суровиот гаф на прогласувањето на победничката.

Мис Универзум – за некого мајка за некого маќеа, второто е сигурно за Мис Колумбија која нема да заборави како стана Мис Универзум на неколку минути. Водителот ја прогласи Мис Колумбија за Мис Универзум и таа не пропушти да плаче, да се слика со круната, со придружничките, да ја поздравува публиката како англиска кралица, за по некое време да сфати дека водителот згрешил, па мис на Универзумот е Филипинката.

Еве ви видео од кратката среќа на несудената мисица.

- Реклама -