Мис најубави очи 1958-ма (и порано)

Screen-Shot-2015-10-19-at-10.25.08[1]

Избори и класификации имало и ќе има, ама овој е еден од почудните; не толку самиот избор, туку методот.

Во име на тоа да им се даде „подеднаква шанса“ на жените што не се „толку згодни“, во 1958-мата, истражувачите се упатија во одморалиштето Батлин во Есекс, Велика Британија, за да ја најдат девојката со „најубави очи“. На победничката и беше ветена кариера во сечење ленти на јавни настани (Порано, во Америка, тоа беше чест обичај. На официјалните отварања на разни настани речиси редовно присуствуваа згодни девојки, особено мисици).

eyes

За да се избегне било каква дистракција на судиите настрана од очите, девојките се облечени во неформални фустани и носат марами преку лицето, сé со цел да бидат видливи само од вратот нагоре и околу очите. Што ќе рече водителот: „Сега знаеме зошто жените на Блискиот Исток изгледаат толку… интригантно“.

Па така, колку и да беше приоритетно судиите да се непристрасни, „во вака нов натпревар и девојки вака провокативни како што е 19-годишната Холи Мичел“, не е чудно да се занесат еднаш или двапати. А очигледно не е чудно ни да им направат физичка инспекција на очите, како да се на сточен пазар, а девојките да се камили. Како и да е, на овој конкретен избор победи Камила Камп, ама за влакно (од трепка).

Ако ова ви е чудно, почекајте. Ова не е првиот избор на „Мис најубави очи“. Такви имало и порано:

Beauty contest in Cliftonville. Photograph. 1936. (Photo by Austrian Archives (S)/Imagno/Getty Images)
Beauty contest in Cliftonville. Photograph. 1936.

UNSPECIFIED - CIRCA 1936: Beauty contest for the most beautiful eyes of England, The competatives have to cover the rest of their faces, Photograph, England, Jan, 1st, 1936 (Photo by Imagno/Getty Images) [Wahl der sch?nsten Augen Englands: Die Teilnehmerinnen m?ssen das restliche Gesicht verdecken, England, Photographie, 10,1,1936]
Beauty contest for the most beautiful eyes of England, Jan, 1st, 1936
UNSPECIFIED - CIRCA 1930: Beaty-contest for the most beautiful eyes of Paris, The woman with the number 7 won, Photograph, Around 1930 (Photo by Imagno/Getty Images) [In Paris fand ein Wettbewerb f?r die sch?nsten Augen von Paris statt, Teilnehmerin Nummer 7 wurde Siegerin, Photographie, Frankreich, Um 1930]
1930: Beauty-contest for the most beautiful eyes of Paris

Contestants in the Miss Lovely Eyes beauty pageant in Florida wearing masks to obscure the rest of their faces, circa 1930. (Photo by FPG/Hulton Archive/Getty Images)
Miss Lovely Eyes, Florida 1930.

- Реклама -