Според обложувањата поврзани со изборот на Мис на светот, од сите девојки од регионот на најдобра позиција е Антигона Сејдиу од Косово. Од вкупно 160 натпреварувачки таа е на 28-мото место.
Нашата мисица Кристина Спасеноска се наоѓа на 66. место.
За изборот на најубава жена во светот, што ќе се одржи во Индонезија на 28 септември, веќе се прават обложувања за пласманот на натпреварувачките. Популарната страница Oddschecker што собира статистики од разни обложувалници покажува како моментно изгледа ситуацијата иако резултатите варираат од ден на ден.
Антигона Сејдиу од Косово е на 28. место, зад неа е Хрватката Лана Гржетиќ која се наоѓа на 40. место. На 50. место се мисиците од Србија Александра Докниќ и од Босна и Херцеговина Сандра Гутиќ. Нашата мисица Кристина Спасеноска е на 66. позиција, а зад неа се Црногорката Ивана Милојко (80) и Словенката Маја Цотич (80).
Која ви се допаѓа најмногу?