Мис Калифорнија остана без круната

92320_miss-californias-nude.jpg Иако кога првпат се појавија топлес фотографиите од Кери Преџин, Мис Калифорнија, беше изјавено оти организаторот верува дека навистина се работело за проблеми со облеката и не беа најавени никакви казни. Но, вчера, сопственикот на манифестацијата Мис Универзум, Доналд Трамп, ја отпушти Кери, поради „прекршување на договорот“. 


Иако кога првпат се појавија топлес фотографиите од Кери Преџин, мис
Калифорнија, беше изјавено оти организаторот верува дека навистина се
работело за проблеми со облеката и не беа најавени никакви казни. Но,
вчера, сопственикот на манифестацијата Мис Универзум, Доналд Трамп, ја
отпушти Кери, поради „прекршување на договорот“.

Кери ПреџинВо договорот на изборот за убавици на секоја американска држава, кој натпреварувачките мора да го потпишат за да учествуваат стои оти доколку победат, не смеат да позираат голи или топлес, сè додека се актуелни победнички. Мис Калифорнија го прекрши тоа правило, но големиот Доналд Трамп по сè изгледа имаше наумено да ѝ го прости гревот.

Кога првпат се појавија фотографиите на кои таа позира топлес (пред отприлика еден месец), соопштението од Трамп беше дека откако ги разгледал спорните материјали, тој верува дека се работи за проблеми со облеката и дека е можно ветрот да ги има предизвикано сите проблеми (како што тврдеше Кери).

Вчера, кога Кери била гостинка на едно шоу за мода, водителот ѝ соопштил дека круната ѝ е одземена, а таа била наполно изненадена и тврдела дека првпат слуша за таквото нешто.

Официјалното соопштение вели дека иако на девојката ѝ била дадена втора шанса, набрзо станало јасно дека таа не е расположена за соработка и исполнување на обврските од договорот, по што на сите одговорни лица им станало јасно дека таа мора да го напушти местото Мис Калифорнија.

Првата придружничка, Тами Фарел, сега е новата Мис Калифорнија.

- Реклама -