Мирослав Грчев – истакнат професор и архитект и жесток критичар на претходната власт, особено на проектот „Скопје 2014“, во периодот од април 2017 до октомври 2019 година, односно за две и половина години, од државата добил исплати од вкупно 17 илјади евра, објави „Фактор“, повикувајќи се на документ од извор чиј идентитет не го откриваат.
Исплатите варираат од 10 до 40 илјади денари, а соодветно на висината варира и бројот на исплати во месецот (кога сумите се пониски има повеќе исплати), покажува документот.
Грчев е надворешен соработник соработник за просторно и урбанистичко планирање и градежништво на премиерот Зоран Заев, а од ноември 2018-та е и еден од 15-те советници во Советот за култура на министерот Асаф Адеми. Парите му ги исплаќале Владата на Република Македонија и Министерството за култура. Документот „Фактор“ го објавува онака како што е добиен, без заклучоци за што се исплаќани хонорарите, потенцира порталот. Можете да го видите ТУКА.